Еден од четирите реактори во унгарската нуклеарна централа во Пакш утринава е изгаснат кога се активирал автоматскиот одбранбен механизам.

Нуклеарната централа во соопштение наведе дека нејзините стручњаци го истражуваат инцидентот, но дополнуваат дека тој не претставува безбедносна опасност, пренесуваат британските медиуми.

Постројката има четири реактори со вода под притисок  (VVER) од советско производство и секој има единечна инсталирана сила од 500 мегавати.

Работниот век на овие реактори е продолжен за 20 години.