Пратениците во унгарскиот Парламент со само еден глас против усвоија закон со кој се забранува на децата да им се промовираат хомосексуалност или промена на пол.

Поддржувачите на овој закон велат дека тој ќе помогне во борбата против педофилијата, а противниците сметаат дека е дискриминација на ЛГБТ заедницата.

Законот го предложи Фидес, конзервативната партија на премиерот Виктор Орбан. Парламентот го усвои законот со само еден глас против, а гласањето го бојкорираа опозициските партии.

Приврзаниците на ЛГБТ и нејзини активисти вчера одржаа протест во Будимпешта, што беше неуспешен обид да се спречи донесувањето на законот.