Унгарските власти денеска го повикаа на разговор американскиот амбасадор по неодамнешните изјави на американскиот претседател Џозеф Бајден, кој го обвини унгарскиот премиер Виктор Орбан дека сака да воспостави диктатура.
Минатата недела Орбан престојуваше во американската држава Флорида, каде се сретна со својот „добар пријател“ Доналд Трамп. Орбан е еден од ретките во Европа кои му посакаа победа на Трамп на претседателските избори во САД закажани за ноември.
Таа средба ја критикуваше Бајден, а односите меѓу САД и Унгарија се лоши.
– Тоа е многу сериозна навреда која негативно влијае на нашите билатерални односи. Ништо не не обврзува да прифаќаме такви лаги од никого, дури и ако се од претседателот на САД, изјави шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.
Унгарскиот министер побара од американскиот амбасадор во Будимпешта, Дејвид Пресман да му го достави спорниот цитат.