Унгарија ќе воведе нов фонд за пандемијата и до вторник ќе ги разработи деталите за најголемиот економски пакет стимуланси, рече премиерот Виктор Орбан, додавајќи дека плановите првенствено се насочени кон зачувување на работните места.
Здравствените работници ќе добијат бонус оваа година во висина од 1.500 долари како компензација за дополнителниот обем на работа и ризици во борбата против коронавирусот, рече тој.