Премиерот на Албанија, Еди Рама по потврдените 27 нови случаи со коронавирус во последните 24 часа, изјави дека Албанија веќе влегла во пикот на болеста, иако земјата има 106 заразени на еден милион жители, а Македонија во која властите велат дека „блескаме“ има 206 заразени на еден милион жители.

„Денес имаме 27 позитивни! Влезени сме во зоната на огнот каде непријателот се стремни да ни земе многу животи,бидејќи нашиот отпор до сега тоа го спречи да го направи. Ви упатувам силен апел да ги мотивираме сите душевни и ментални сили меѓу нас, за да го храниме отпорот, не губејќи ја енергијата за ништо друго“, наведува Рама.

Порачува дека главна цел денес треба да биде отпорот бидејќи економијата паѓа и повторно се крева, но оти мртвите повторно не оживуваат.

„Денеска со сета моја сила ве молам да го изберете и секој ден да го користите како главен збор одлучувачкото мото на нашата борба: Економијата паѓа и повторно се издигнува, мртвите не оживуваат повторно. Денеска нема ништо повредно од животот а заштитата на животот е целта, а ние имаме средства да ја реализираме оваа човечка, граѓанска и национална цел, порача Рама

Рама објави и видео во кое предупредува како Албанија може да заврши доколку сите заедно не останат на барикадата на отпорот против „Ковид-19“.

Видеото е всушност за Иран каде денес се бројат 3.100 жртви од коронавирус и слики од гробиштата на провинцијата Ќом или други области за тоа како бројот на жртвите растел секојдневно.