Унгарија објави дека наредила протерување од земјата на 14 Иранци под обвинение дека ги прекршиле санитарните регулативи за спречување на ширењето на епидемијата на коронавирусот.

Одлуката е донесена и покрај протестите од Техеран и невладина организација кои го обвинуваат унгарскиот премиер Виктор Орбан дека „владеењето на правото го става во карантин “.

Вкупно 11 студенти ќе бидат протерани денеска и тројца други на 23 април за „исклучително асоцијално и насилно однесување“, рече потполковникот Роберт Кис на прес-конференција во Будимпешта.

За двајца студенти од групата кои имаа стипендија од унгарската Влада, на Виктор Орбан му било кажано дека го донеле вирусот во Унгарија. Овие недели тие беа цел на напади од некои медиуми, а премиерот ја поврза болеста со „странците и имиграцијата меѓу кои таа се шири“.

На 30 март Виктор Орбан прогласи вонредна состојба, врз основа на која располага со проширени овластувања, што беше критикувано од Европската унија. Невладината организација за човекови права Хелсиншки комитет оценува дека протерувањето е „политички мотивирано“.