Унгарскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Петер Сијарто денеска во Белград изјави дека во наредната недела и седмиците што следуваат „сосема јасно може да се смета на исклучително голем прилив од над 100.000 мигранти“.

– Унгарија ќе ги брани своите граници и во нашата држава нема да пуштиме ниту еден илегален мигранти. Се надевам дека ќе соработуваме со Србија за да ги одбраниме нашите две земји, рече Сијарто и изрази загриженост за случувањата во Сирија, Турција и на турско-грчката граница.

По средбата со српската министерка за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ, Сијарто нагласи дека Србија е подготвена да отвори пет поглавја и ја повика Хрватска да направи сé со цел да се отворат поглавјата за време на нејзиното претседателство со ЕУ