Ситуацијата во Украина и натаму е страшна и бројот на бегалци кои бегаат од руската инвазија до крајот на викендот потенцијално може да се зголеми на 1,5 милиона од сегашните 1,3 милиони, изјави денеска шефот на Агенцијата за бегалци на ОН, Филипо Гранди, пренесен од британските медиуми.
-Ова е најбрзо движечка бегалска криза што сме ја виделе во Европа од крајот на Втората светска војна, изјави шефот на УНХЦР во телефонско интервју за Ројтерс.
Гранди, исто така, кажа дека повеќето бегалци во моментот се поврзуваат со пријателите, семејството и други врски кои ги имаат со луѓе кои веќе живеат во Европа, но предупреди дека идните бранови ќе бидат посложени.