Од почетокот на војната во во Украина, во Бугарија влегле околу 1,1 милион украински бегалци. Ова го изјави Седа Кузуџу – претставник на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) во Бугарија на прес-конференција во националниот прес-клуб БТА во Софија.
Поводот е што на 24 февруари се навршува една година од почетокот на војната во Украина.
Кузуџу истакна дека според податоците на институциите во Бугарија има регистрирано повеќе од 151.000 бегалци од Украина за привремена заштита, од кои околу 50.000 останале во земјата.
Таа коментира дека војната во Украина ја предизвика најголемата бегалска криза во Европа од Втората светска војна.