Уникатни снимки на Дарина, ќерката на бугарскиот претседател, Румен Радев, се појавија на Фејсбук, а бугарските медиуми веднаш ги презедоа.

Всушност, таа самата ги закачила на својот личен профил, од што може да се дознае дека наследничката на командантот на Бугарската армија е на одмор во Грција.

Од снимките не јасно во кое место на Грција е, но може да се заклучи дека една од фотографиите е направена на мала јахта.

Сепак, Бугарите не можат докрај да ја задоволат љубопитноста и дознаат кој ја придружува ќерката на Радев.