Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје денеска ќе презентира резултати од проектот „Радар за продирање во земја интегриран со хексакоптер за автоматска детекција на мини“.
Презентацијата ќе се одржи во Центарот за трансфер на иновации и технологии ИНОФЕИТ по што ќе има практично демонстрирање во дворот на Факултетот.
Од ФЕИТ најавија дека на настанот ќе присуствуваат министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, деканот на ФЕИТ Димитар Ташковски и професор д-р Венцеслав Кафеџиски, раководител на проектот