И Косово го одложи пописот за идната година поради пандемијата со Ковид-19.
Директорот на Агенцијатра за статистика на Косово, Авни Кастрати, рече дека пописот, кој требаше да се одржи годинава, ќе се реализира во 2022 година, пренесува Радио Слободна Европа.
– Поради пандемијата од коронавирусот и локалните избори кои ќе се одржат во октомври годинава, оптимален датум за пописот би бил месец април 2022 година, но и понатаму не е утврден точен датум, изјави Кастрати.
Според податоците од Агенцијата за статистика на Косово, на крајот на 2019 година, Косово имало 1.782.115 жители. Последниот попис на населението беше реализиран во 2011 година.
Пописот, планиран за годинава, го одложија и повеќе други европски земји, само власта во Македонија упорно инсистира да се одржи во оваа пандемиска година. Од друга страна Македонија е една од ретките земји без обезбедени вакцини и една од ретките во Европа во која не е почната вакцинацијата.