Ураганот Мајкл трета најсилна бура што го погодило американското копно, продолжи денеска да се движи во насока североисток. Се очекува иако ослабнат, со поројни дождови да ја погоди Џорџија и Северна и Јужна Каролина откако ја опустоши Флорида.

На Флорида загина еден маж откако врз него паднало дрво, а во Џорџија загина едно девојче чија куќа ја погоди отпад носен од ветрот. Мајкл ја погоди Флорида вчера како ураган одчетврта категорија со бетрови со брзина од 250 км на час.

Станува збор за најсилен ураган што ја погодил Флорида во изминатите 80 години. Ураганот што се движи кон Џорџија сепакослабна. Ветровите денеска се со брзина од околу 100 км на час.