Ураганот Сем денеска зајакна во ураган од трета категорија во Атлантскиот Океан, а се очекува да биде уште посилен за време на викендот.

Засега не се во сила никакви предупредувања за ураганот Сем, кој се наоѓаше на околу 1.760 километри источно и југоисточно од северните Ветровити острови во Карипското Море.

Ураганот се движи кон запад и северозапад со брзина од 16 километри на час.

Американскиот национален центар за урагани во Мајами соопшти дека ураганот Сем е придружуван од ветрови со брзина од 195 километри на час.

Се очекува утре да премине во ураган од четврта категорија со брзина на ветрот од 225 километри на час.