Веќе 7 години градиме приказна и веќе преминавме на „Ти“, вие сте наши, а ние сме ваши…

За многумина од вас, нашите ценети и редовни клиенти, веќе добро знаеме и најситни детали од типот со какво кафе сакате да ви стартува утрото, на каква температура разладено го пиете омиленото вино и колку печен сакате да го консумирате бифтекот. A за оние што сѐ уште не нѐ посетиле само ќе кажеме дека однапред се радуваме на првата средба во нашиот пет френдли локал што нуди гастрономска магија од рацете на долгогодишните врвни готвачи, како и затворена тераса за љубителите на квалитетно кафе со цигара.

Постоиме повеќе од половина деценија, но тоа не значи дека сопираме. Со вашата лојалност само нѐ инспирирате да бидеме подобри, покреативни и поподготвени на трка со светските стандарди.

Од најдобрите вкусови до најпријатната атмосфера, од најзабавните афтери до најурбаните свирки, нема да го скротиме духот и да го смириме темпото. Пред вас, чесно ветуваме дека и понатаму посветено ќе работиме на тоа бистро барот Барбакан да го чувствувате како ваше второ „дома“.

Сега, инвестиравме и во редизајнирање на нашата тераса, каде пијалакот на шанк има вкус што не се заборава, а скопските приказни што се разменуваат тука нема да ги чуете на друго место. Кај нас ќе сретнете свои пријатели, соработници, некогашни работодавачи или пак идни колеги, кај нас ќе креирате нова приказна во вашето секојдневие. Од љубовни приказни до кариерни подеми, некои работи едноставно подобро се одвиваат во друштво.

Се трудиме да понудиме разноликост во однос на услугите, нешто што го нема во скопските бистро барови и успеваме. Кај нас се добредојдени и гости со домашни миленици, односно популарно сме препознатливи како „pet friendly“ локација. Многу внимание вложуваме во менито да понудиме избор и за гурмани со пребирлив вкус, квалитетна и свежа храна. Препознатливи сме и по добрите свирки во попладневните часови за гостите кои сакаат да се опуштат на „афтерворк“ забава. Сега сите тие комодитети и услуги ги нудиме и на затворената тераса. Ако минатата година се соочувавме со пребукираност во текот на зимските месеци, сега може да не ја пропуштите најдобрата забава во Скопје, се разбира на новата тераса од бистрото.

Во околината на ресторанот има бројни бесплатни паркинг позиции, а од неодамна со новата подземна паркинг гаража сместена во состав на бизнис центарот Ми-Да, се надмина и метежот што вообичаено се создаваше.

Скопската метропола ги следи светските трендови со нови кафулиња и скапи луксузни ресторани, а ние ја потполнуваме приказната со трендот препознатлив како „бистрономија“, односно спојот на бистро со гастрономија – модерен и комотен декор надополнет со квалитетна вкусна храна. Со шеф кој трансформира невообичаени порции со свежи и сезонски зачини во целосно ново искуство. Доказ дека ваквите места се реткост е и фактот што многумина однапред резервираат сакајќи да се осигурат дека нема да го пропуштат уникатното доживување што го нуди Барбакан.

Добрите бистроа се душа на градот. Тоа се места каде го славите животот со квалитетно вино и храна, комотна атмосфера и одлично друштво.

А во Барбакан сакаме да се чувствувате како дома, како да вечера во сопствениот дом. А тоа бара голема посветеност од персоналот во кујната и од услугата која ќе ве пречека со насмевка и во која треба да препознаете пријател. На нас е обврската на гостите да им го дадеме она што го сакаат и тоа кога тие ќе  посакаат. Затоа тие што веќе биле кај нас повторно се враќаат а нивната добра препорака привлекува нови гости.

А од сега и ако заборавите да резервирате маса, ќе има место на редизајнираната затворена тераса за вас и вашето друштво. Забавата може да почне!