Denesen.mk
30.12.2025.
  • Македонија
  • Економија
  • Свет
  • Историја
  • Религија
  • Здравје
  • Спорт
  • Магазин
  • Колумни
  • Македонија
  • Економија
  • Свет
  • Историја
  • Религија
  • Здравје
  • Спорт
  • Магазин
  • Колумни

МИЦКОСКИ ВО ГАК: Со 6.000 помалку бебиња, сега имаме 300 празни училници, а ако една е долга 20 м имаме 6 км празни училници

МИЦКОСКИ: Стапката на сиромаштија од 23% во 2020 г. лани е намалена на 21,9%, а првпат по 30 години Џини индексот во Македонија е под 30%

АЛИУ: До мај во Клиничкиот центар во Скопје ќе имаме паркинг што ќе биде потполно нов со смарт инфраструктура и катна гаража

МИЦКОСКИ: Љубовта кон татковината се манифестира со создавање семејство, инаку бадијала градиме градинки, училишта…

СОБРАНИЕ: Со 73 гласа „за“ и еден „воздржан“ донесен е законот кој е основа за независен, силен и транспарентен Судски совет

Свет

УРНАТ КИНЕСКИ БАЛОН НАД НЕБОТО НА САД: Кина вели дека бил метеоролошки и скршнал од трасата, Пентагон тврди дека бил шпионски

/ 05.02.2023
Share
УРНАТ КИНЕСКИ БАЛОН НАД НЕБОТО НА САД: Кина вели дека бил метеоролошки и скршнал од трасата, Пентагон тврди дека бил шпионски

Американски борбен авион од типот „Ф-22“ го собори кинескиот балон што неколку дена леташе над САД и неприфатливо го наруши американскиот суверенитет, синоќа соопшти Министерството за одбрана на САД.

– Попладнево, по наредба на претседателот Бајден, американски борбен авион собори шпионски авион на голема височина, лансиран од Народна Република Кина, во воздушниот простор над водите во близина на брегот на Јужна Каролина, соопшти министерот за одбрана Лојд Остин.

– Џо Бајден секогаш безбедноста на Американците ќе ги направи свој приоритет и на тој начин ефикасно ќе одговори на неприфатливото кршење на нашиот суверенитет, се додава во соопштението, пренбесено од француските медиуми.

Американската војска синоќа соопшти дека ќе се обиде брзо да ги пронајде клучните компоненти на кинескиот балон за набљудување меѓу остатоците во близина на брегот на Јужна Каролина, откако беше соборен од борбен авион Ф-22.

– Потрагата е во тек. Колку таа ќе трае допрва треба да се утврди, изјави висок претставник на американската одбрана, додавајќи дека остатоците се наоѓаат во релативно плитки води.

Висок воен функционер рече дека очекува дека повторното составување на балоните нема да трае со недели или месеци, туку ќе биде релативно брзо.

Балонот беше откриен во средата над сојузната држава Монтана, каде 150 интерконтинентални балистички ракети вооружени со нуклеарни боеви глави се складирани во воена база на северот, а Пентагон соопшти дека претседателот го одобрил уривањето уште истиот ден.

– Претседателот Бајден во средата издаде овластувања за уривање на шпионскиот балон веднаш штом ќе се исполнат условите мисијата да се изврши без да се загрозат животите на Американците, додаде Остин.

Претходно вчера Кина ги отфрли обвинувањата за шпионажа, соопштувајќи дека станува збор за истражувачки балон што скршнал од рутата поради, како што велат, виша сила и ги обвини американските политичари и медиумите за искористување на ситуацијата за да ја оцрнат Кина, пренесоа британските медиуми и додадоа дека претставник на американската одбрана објаснил дека кинескиот балон е дел од надзорната флота балони кои вршат шпионажа на пет континенти.

– Кинескиот балон не беше метеоролошки балон, туку шпионски балон со задача да добие податоци за чувствителни воени локации, изјави претставник на американската одбрана.

Американската федерална управа за авијација (FAA) објави дека сообраќајот е обновен на три аеродроми во Јужна Каролина: Вилмингтон, Миртл Бич и Чарлстон, откако претходно сообраќајот беше прекинат од безбедносни причини.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен оцени дека упадот на надзорен балон во воздушниот простор на САД е неприфатлив и неодговорен и ја откажа посетата на Пекинг планирана за недела.

Пентагон во петокот соопшти дека и втор кинески балон е забележан во Латинска Америка, но не ја прецизираше точната локација.

И САД и Кина со децении користат сателити за набљудување за да се следат едни со други од воздух.

– На некој начин, тоа е повеќе аматерски, рече поранешниот советник за национална безбедност на Белата куќа, Џон Болтон.

– Дали камерите на нивните сателити немаат доволно висока резолуција за да мора да испратат балон?

Вревата околу балонот доаѓа додека Кина ги зајакнува своите воени способности и го предизвикува американското воено присуство во Пацификот.

САД, исто така, веруваат дека Пекинг се обидува да добие комерцијални информации и да земе знаење од американските компании.

Share this...
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin

Ознаки: САД, Кина, балон
Од истата категорија

ЛАВРОВ: Украина ја нападна резиденцијата на Путин со повеќе од 90 беспилотни летала

БиХ го легализираше канабисот за медицински цели

Снежно невреме во 14 турски покраини

Нов разговор меѓу Трамп и Путин

ЗЕЛЕНСКИ: Рамката за мир со Русија предвидува за Украина 15 години безбедносни гаранции од САД, јас од Трамп побарав да бидат до 50 години

ФОН ДЕР ЛАЈЕН: ЕУ е подготвена да продолжи да работи со Украина и нејзините партнери од САД за да го консолидира овој напредок

Најнови вести

ДЕНЕСКА Е СВ. ПРОРОК ДАНИЛ: Неговата слава почна со спасувањето на целомудрената Сосана (Сузана)


КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска е Св. пророк Данил и трите момчиња Ананиј, Азариј и Мисаил


НОВА КНИГА: „Хегел е мртов“ од Гордана Стојановска во издание на „Македонска реч“ – истражување колку и што читаат скопјани


Во Солун ветар од 108 км/ч


Denesen.mk
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Copyright © 2018 ЕМ Медиа ДООЕЛ