Две години и 5 месеци затвор обвинетата Оливера Софрониевска, 19 месеци за Шемседин Јашари од МВР. Софрониевска ја злоупотребила службената положба и учестуввала во издавање на 198 пасоши, а нејзиниот колега Јашари во девет наврати го кршел законот. Освен што ја злоупотребиле службената положба ја загрозиле и националната безбедност наведе судијката во пресудата.

Софрониевска е 7 по ред што призна вина во случајот „Двојник“, кој се однесува на нелегалното издавање македонски пасоши на странци осомничени за криминал и барани со потерници. Виснова е за е што навело обвинителство н осен адевла на понсика затворска казна влеи нејзината одбрана.

Обвинителката коај го скрои „Двојник“ е уверена дека и да неп зинаат сите вина судот има доволно докази да докаже како во МВР се изработувале паосши, се краделе туѓи иднетите, а од сето тоа се зарботувало.

Претхдно свое признание имаше и обвинетиот Јашари кои пак од судницата се врати во зтвор бидејќи издржува казна затвор за слично кривично дело. Една обвинета, која не дојде во судот поради здравствени причини, исто така преку својот адвокат најави признавање вина. Максималната затворска казна што им се закануваше беше 3 години затвор. Покрај казните, вработените во МВР добија и забрана за вршење на професијата во наредните 10 години. Обвинетите издавале пасоши бидејќи, според Обвинителството, имале материјална корист.

За пасошите тие, според ОЈО Скопје, користеле идентитети на македонски државјани што досега не ваделе македонски пасоши, а се иселени од земјава или од раѓање живеат во странство и никогаш не оствариле влез во Македонија.