Уште еден студент со коронавирус е евидентиран во Кавадарци. Со овој случај, денеска се регистрирани вкупно четворица позитивни млади луѓе, потврди за МИА доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.
Се работи за 21 годишно машко лице, од познат кластер на заболени со вирусот, со лесна клиничка слика и е на домашно лекување.
И останатите тројца денеска заболени, две машки и едно женско лице, се млади на возраст од 19 и 22 години.