Министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи ќе го заземе местото на Изет Меџити во партијата.

Според информации на ТВ21, Османи освен портпарол, ќе биде и потпретседател на партијата.

Исто така за членови на Централното претседателство на ДУИ се избрани Беким Незири, Илир Хасани и Арта Билали-Зендели.

Оваа одлука следува откако Изет Меџити ја напушти партијата и стана предводник на фракцијата т.н. Огнена група, со која исто така се раздели и најави ново политичко движење во кое, освен тој, ќе бидат и пратениците Мерита Коџаџику (од ДУИ) и Кастриот Реџепи (Независен пратеник)

Инаку, пред неколку дена потпретседателот на ДУИ и пратеник Арбр Адеми во летното издание на „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека Меџити и Коџаџику се уште се дел од пратеничката група на ДУИ, бидејќи формално не најавиле разделување од партијата.

Извор: ТВ 21