Во САД останува уште една недела кампања за претседателските избори на 3 ноември. Според резултатите на голем број анкети, и нивни агрегатори, како „RealClearpolitcs“ на пример, демократскиот кандидат Џо Бајден успеа да ја сочува предноста во однос на Доналд Трамп, како на национално ниво, така и во „колебливите“ држави, од кои зависи изборот на претседател на САД.
Според Њујорк тајмс, Трамп, актуелниот претседател, со сите сили се обидува да ги искористи изборните ресурси и продолжува со посети на места каде победил во 2016 година, како државите Северна Каролина и Висконсин. Сепак, тој е зад Бајден во многу други држави, и неговиот опонент има поволна позиција во Флорида, Висконсин, Мичиген и Пенсилванија.
Весникот наведува дека победата во овие држави му носи сигурен влез на Бајден во Белата куќа. Трамп е во тесно водство или израмнет со опонентот во типично републиканските држави како Охајо, Ајова, Џорџија и Тексас. Тоа сепак е успех за екс-потпретседателот на САД, бидејќи негова победата во која било од овие држави ќе овозможи демократите да остварат мнозинство во американскиот Сенат. Исклучително важна околност за еден претседател е да го има Горниот дом на Конгресот на САД на своја страна – Бајден точно памети какви проблеми имаше демократот Барак Обама со мнозинството републиканци во Сенатот, анализира весникот.
На последната дебата на 22 октомври едно од најжешките прашања беше пандемијата на коронавирус. Трамп тогаш изјави дека 100 милиони дози на вакцина против вирусот ќе бидат спремни за неколку недели. Притоа, актуелниот претседател презеде целосна одговорност за ситуацијата со Ковид-19 во земјата. Бајден пак изрази скептицизам дека вакцината ќе биде широко достапна до средината на идната година.
Според политикологот Израел Маркес-втори, сите признаци укажуваат дека Бајден ќе победи на изборите. Причината за тоа е успехот на демократите во најважните држави како Флорида, Пенсилванија, Мичиген и Висконсин.
-За добивање на изборите, Трамп мора да победи во Флорида и во две други од овие четири. Проблемот е во тоа што тие држави се склони кон поддршка за Бајден, изјави политикологот.
Бајден можеби води во анкетите, но не сите Американци веруваат во него. Трамп може да се надева на победа во републиканските упоришта како Охајо и Тексас. Иако, критична промена на расположението на избирачите е малку веројатна.
-Мошне ретко се случуваат настани коишто фундаментално би ги смениле изборите, но до денот на гласањето останува уште една недела, и сè е можно.