Полициски службеници од СВР Штип синоќа при контрола на регионалниот пат Радовиш – Штип откриле 94 мигранти кои биле превозувани во товарно моторно возило. Возачот на товарното возило и неговиот сопатник побегнале, а полицијата трага по нив.
Мигрантите се од Сирија, Авганистан, Ирак и Пакистан и веќе се предадени на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи – Исток за натамошна постапка.
-На 08.08.2020 околу 21.30 часот на регионалниот пат Радовиш-Штип, крстосница за Неготино при сообраќајна контрола од полициски службеници од СВР Штип било дадено знак за запирање на товарно моторно возило „волво“ со скопски регистарски ознаки управувано од засега непознато лице, кој бил во придружба со уште едно лице. Возачот го запрел товарното возилото по што веднаш со сопатникот се дале во бегство во непознат правец, соопшти МВР.
По овластување на Јавен обвинител бил извршен увид на местото на настанот, при што било утврдено дека во товарниот простор на возилото се превезуваат 94 странски државјани – мигранти.
Многу често се повторува истото: Полицијата фаќа мигранти, а бегаат тие што ги превезуваат мигрантите!