Во тешка сообраќајка на регионалниот пат А3, Битола-Ресен кај местото викано Макази загина 46 – годишен маж од ресенско село, а две повредени лица се пренесени во болницата во Битола.

Од СВР Битола информираат дека во сообраќајната несреќа, која се случи вчера попладнето, учествувале патничко моторно возило марка „БМВ” со ресенски регистарски ознаки управувано од 46 – годишен жител на ресенско село кој удрил во патничко возило марка „Пежо” со битолски ознаки, а потоа патничкото возило „Пежо“ удрило во друго патничко возило марка „БМВ” со ресенски ознаки управувано од 47 – годишен жител на ресенско село со кого бил и сопатник. Од ударот на лице место починал 46 – годишниот возач на „БМВ”, а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош Ресен.

Возачот и сопатникот во другото возило „БМВ” се пренесени во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош.

Регионалниот пат од Макази до селото Ѓавато е пренасочен по стариот пат, потврдија за МИА од СВР-Битола.