Според соопштенито на МВР, на 21.07.2018 година околу 23,15 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, било пријавено дека во Автобус на ЈСП бр.22, кој сообраќал на релација Центар –Волково, во близина на Поликлиниката – Ѓорче Петров, по претходна вербална расправија на две групи, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со тепачка.
Притоа лицето Н.М. (17) од Скопје се здобил со телесни повреди нанесени со нож (две посекотини на десната нога) по што е пренесен во болницата “8-1111ми Септември“ каде што му е укажана лекарска помош и е пуштен дома.
Потоа Н.М. отишол во полициска станица и дал изјава за настанот. Две лица се приведени во Полициска станица. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Неофицијално, младото момче е пипадник на навивачката група Комити.
НА социјалните мрежи веќе кружат информации и за напаѓачите кои наводно ги следеле момчетот и неговите другари.