Светиот синод на Руската православна црква на денешната седница ја призна Македонската православна црква – Охридска архиепископија, како автокефална сестринска црква.

Интегрално соопштение од Синодот на Московската Патријаршија:

„На 25 август 2022 година, во текот на заседанието на Свештениот синод на Руската православна црква беше ислушано соопштението од Светејшиот Патријарх Московски и на цела Рус Кирил за доделувањето, од страна на Српската православна црква, на автокефалија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (журнал бр. 62).

Синодот утврди да се заблагодари на Господа Бога за, оствареното врз канонските начела, разрешување на прашањето на статусот на Православната црква во Северна Македонија и да се признае Македонската православна црква – Охридска архиепископија како автокефална Црква-сестра, откако ќе се впише името на нејзиниот Претсојател, Блаженејшиот Архиепископ Охридски и Македонски Стефан, во свештените диптиси.

Членовите на Синодот изразија надеж дека најмалата во семејството автокефални православни цркви, Македонската православна црква – Охридска архиепископија, цврсто ќе ги пази во чистота и непорочност светата православна вера и ќе ја пази верноста на православната канонска традиција,

Учесниците на заседанието исто така решија да се извести за донесеното решение на Свештениот синод Светејшиот Патријарх Српски Порфириј и Блаженејшиот Архиепископ Охридски и Македонски Стефан“.