Осумгодишниот математичар Македон Димитровски од Тетово освои уште еден златен медал на натпревар по математика.

Тој озвои злато на натпреварот Кенгур 2023, објави неговиот татко на социјалните мрежи.

– Македон го доби златниот медал од финалето по математичкиот натпревар Кенгур 2023, што се одржа на Машинскиот факултет во Скопје. Браво, ти си наша гордост, напиша таткото на Македон, Владимир Димитровски.