Украинските единици претрпеле големи загуби во неуспешниот обид за противофанзива од три правци во Николаевскатиот и Херсонскиот регион во југоисточна Украина кои се под контрола на проруските сепаратистички и руските сили, соопшти во понеделникот руското Министерство за одбрана.

„Во текот на борбите уништени се 26 украински тенкови, 23 пешадиски околни борбени возила, девет други оклопни борбени возила, соборени се два јуриши авиона ‘Су-25’… Загубите на непријателот во жива сила изнесуваат повеќе од 560 војници“, објави во понеделникот вечерта руското Министерство за одбрана.

Се истакнува дека украинските единици се обиделе да изведат напредување по директна наредба на претседателот Владимир Зеленски кој повеќе од еден месец ја најавува противофанзивата со која под контрола на Киев ќе биде вратен стратешки важниот јужен регион Херсон. Претходно во неделата украинските медиуми објавија за состанок одржан „во тајност“ меѓу претседателот Зеленски и воениот врв, но немаше поединости за заклучоци од средбата, а денеска шефицата на прес-центарот на оперативната команда „Југ“ на украинското Министерство за одбрана, Наталија Гумењук, изјави дека украинските сили започнале контраофанзива.

„Денеска започнавме офанзивни операции на различни правци, вклучително и во регионот Херосн“, објави Гумењук, а агенцијата Reuters цитирајќи ја нејзината изјава ја пренесе и изјавата на својот дописник со описот дека „вооружените сили на Украина започнале офанзива на јужниот фронт“.

„Воениот сектор на Украина ги повикува граѓаните да се евакуираат од областите на воените дејствија“, апелираше Гумњук.

Засега нема потврда од независни извори на тврдењата на двете завојувани страни.