Вселенската патријаршија нема да ѝ додели автокефалност на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) додека не стапи во канонско единство со Православната црква на Украина (ПЦУ), призната од Цариград во јануари 2019 година и досега само уште од Грчката, Кипарската и Александриската црква.
Ова, како што објави порталот Експрес, го истакнал Григориос Папатомас, професор по канонско право и митрополит Перистериски на Грчката православна црква (ГПЦ), на вчерашната средба со свештенството и со теолозите, објави на Фејсбук презвитерот во ПЦУ од Киев, Андреј Дудченко, именувајќи ја МПЦ-ОА како „Црквата на С. Македонија“.
– Тие, исто така, дознаа дека Вселенската патријаршија нема да ѝ додели автокефалност на Црквата на Северна Македонија додека не стапи во единство со ПЦУ. За да се побара Томос од Вселенската патријаршија, мора да се прифати она што го прави оваа Патријаршија. Односно, да се признае автокефалноста дадена од неа порано, објаснува Дудченко.
Целата статија може да ја прочитате ТУКА.