Веднаш по објавувањето на новата афера на италијанскиот весник „Ла Верита“, во која се презентирани докази дека Зоран Заев и неговиот брат Вице со неколкумина блиски нивни луѓе купувале гласови во Струмица, стигнала наредба во провладините медиуми за ова да се молчи.
Како што дознаваме, пишува Република, сите медиуми кои се под контрола на СДСМ имаат добиена усна наредба од „Бихаќка“ да не се пишува ниту пак да се прават прилози за оваа тема која говори за сериозни изборни нерегуларност за изборите во 2014 година.
Дека наредбата е сериозна говори и тоа што агрегаторот за вести за кој се знае дека е близок до СДСМ нема објавено ниту една вест на оваа тема. Но, затоа пак вестите за активностите на владините министри се на врвот на пребарувачот и се задржуваат со часови.