Македонски математичари повторно постигнаа голем успех на престижен меѓународен натпревар во Јапонија.
Сојузот на математичарите објави дека на 64. Интернационална математичка олимпијада (ИМО 2023) – најпрестижниот математички натпревар за ученици од средните училишта, која годинава се одржува од 2 до 13 јули во Чиба, Јапонија – македонската репрезентација постигна одличен успех!
-На овој светски мегдан за извонредност нашата екипа се закити со еден златен, еден сребрен, два бронзени медали и две пофалници, се наведува во соопштението.
Златен медал освои Дамјан Давков со освоени 32 поени, Алексиј Тасиќ сребрен медал со освоени 25 поени, Никола Цветаноски бронзен медал со освоени 23 поени, а бронза освоил и Никола Спировски со 19 поени.
Јан Стојановски добил пофалница со освоени 17 поени, исто како и Бранко Јангеловски кои добил 11 поени.
-Успехот на овие наши деца е успех за целата татковина! Им честитаме и им посакуваме уште многу идни академски достигнувања!, се наведува во соопштението.