Акционерското друштво ЕСМ вчера произведе 11.036 мегават часови електрична енергија, од кои во термоелектраните се произведени 8.780, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк „Богданци“ 2.256 мегават часови, информира Владата.
– АД ЕСМ вчера целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствените, домашни капацитети, соопшти Владата.
Владата почна секојдневно како извештај за временската состојба да ги соопштува произведените киловат часови струја за малите потрошувачи.
Останува кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски да дава уште и извештаи колку вода за пиење и кислород за дишење им обезбедува на граѓаните на Република Македонија.
(Д.Г.)