Премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот Артан Груби и сите останати функционери во Македонија, беа строго навремени во спроведувањето на одлуката на Уставен суд да им бидат зголемени платите за 78 отсто, но не и за објавувањето на износите кои ги добиваат по покачувањето.
Дојде и јуни, министрите зедоа уште една „мрсна“ функционерска плата, но на веб стграницата на Владата се уште не може да се види колкави се точно нивните нови примања, пишува порталот Фактор.
На веб страница, токму во делот Отворена Влада, и натаму стојат старите министерски плати, според кои премиерот Ковачевски се уште зема 88.260 денари, а првиот вицепремиер Груби, пак, добива 70.478 денари… И така со ред, а највисока е онаа на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, каде го има и додатокот за ризик, и која изнесува 86.324 денари.
Но, овие износи не се точни бидејќи функционерските плати се зголемија за 78 отсто по одлуката на Уставниот суд, а јавноста се уште не знае колкав е нивниGruот износ.
Фактор вчера повторно побарал информации во Владата кога ќе бидат ажурирани податоците за платите и во што е проблемот што не може да се објават новите точни податоци за примањата.
„Платата за функционерите, како и за вработените во Владата на РС Македонија ја изготвува Службата за општи и заеднички работи. Во тек е ажурирање на податоците на именуваните лица на Владата на РС Македонија за висината на платата на функционерите, по што јавноста ќе биде информирана”, одговориле за Фактор од Владата.
Неофицијалното објаснување, пак, било дека „виновни“ се вработените информатичари во Владата и поради нив дошло до доцнење од два месеца на точните податоци за платите.
Извор: Фактор