Нов скандал го тресе македонското судство, а овојпат адресата е Уставен суд Б.Б. По предлог на судијаката Добрила Кацарска, за која цела Македонија многу добро знае како и зошто дојде на таа позиција (како награда за нелогичните политички пресуди за патриотите од 27-ми април), Уставниот суд прифати да поведе постапка за оценување на уставноста на ЛИНЕАРНОТО ЗГОЛЕМУВАЊЕ ПЕНЗИИ, со кое македонските пензионери добија по 2.000 денари плус на своето конто, во две фази наесен и наредната година на пролет. Со оваа мерка беа опфатени стотици илјади пензионери.
Повеќе од трагичното објаснување на Уставниот суд е дека имало некаков си наводен сомнеж за дискриминација на пензионерите со поголеми пензии во однос на оние со минималните пензии, аргумент кој од општествено-социјален аспект е далеку од умот и нема никаква логика. За нивн ажал, тие со поголеми пензии и кои јавно се бунеа, се предомислија во јули годинава и ја пофалија мерката. Тоа, сепак, не стигнало до Кацарска и Уставен.
Во продолжение е целосното соопштение на Уставен суд за скандалосзното поведување постапка, со кое се очекува да го навлечат на себе оправданиот гнев на најстарите членови на општествот.
„Поради поголем интерес на медиумите Уставниот суд информира дека на 24. седница одржана на 19.11.2025 година расправаше по предметот У.бр.13/2025.
Постапувајќи по овој предмет, на предлог на судијата-известител Добрила Кацарска, Судот одлучи по сопствена иницијатива да поведе постапка за член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалиското осигурување, објавен на 29.07.2025 година во „Службен весник на Република Македонија” бр.154/25.
Станува збор за одредба со која се зголемуваат пензиите (во јавноста познато како линеарно зголемување), односно со оспорениот член 2 правото на редовно месечно усогласување на пензиите пресметките направени врз основ на порастот на плати и трошоци на живот се заменети со линеарна распределба на вкупниот износ на средства за сите прензионери подеднакво, без оглед на стекнатата и остварената висина на пензијата, стажот и уплатениот придонес.
Судот го имаше предвид фактот дека усогласувањето на пензиите е право на осигуреникот што му гарантира социјална сигурност во рамките на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со што се остварува и уставната гаранција за социјална сигурност на граѓаните.
Уставниот суд во оваа фаза од постапката изрази сомнеж дека оспорениот член 2 се нарушени уставните принципи за социјална праведност, еднаквост на граѓаните како и правната сигурност и легитимните очекувања како правни принципи. Имено, се постави прашањето дали оспорената одредба продуцира дискриминација по основ на износот на пензија и нееднаквост помеѓу примателите на пензии, односно оние пензионери кои имале подолг работен стаж, повисоки уплати во пензискиот систем и повисока основица, добиваат помало зголемување на пензиите, наспроти пензионерите со пониските пензии.
Пензијата е стекнато имотно, индивидуално право и согласно член 30 од Уставот правото на сопственост е гарантирано и никому не може да му биде ограничено или одземено. Следствено на ова, пред Уставниот суд основано е поставено прашањето дали со оспорената одредба се ограничува правото на сопственост на пензионерите со повисоки пензии.
Европскиот суд за човекови права во Стразбур низ своите пресуди наведува дека за целите на членот 14(забрана од дискриминација) од Европската конвенција за заштита на човековите права, разликата во третманот е дискриминирачка доколку „нема објективно и разумно оправдување”, односно ако не ја остварува „легитимната цел” или ако не постои „разумна врска на пропорционалноста помеѓу употребените средства и целта што треба да се реализира”.
Со поведувањето на постапка за оценување на уставноста на оспорениот член, Уставниот суд ќе испитува дали законското решение е оправдано и во доволна мера избалансирано.
Постапувајќи по овој предмет Судот ја отфрли иницијативата поднесена од страна на Тито Беличанец, Јадранка Мршиќ и Сузана Московска поради тоа што оспорените одредби(член 3 и член 18 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување објавен на 18 септември 2024 година) се од темпорален карактер и повеќе не се дел од правниот промет.“
Инаку, за жал на Уставниот суд, дури и пензионерите кои се бунеа против линеарното зголемување годинава го сменија мсилењето и то го кажаа во јавност.
На 18 јули 2025-та пензионерите кои изминатите години протестираа за линеарно зголемување на пензиите, изјавија дека се задоволни од најавата на премиерот, Христијан Мицкоски за нивно зголемување за 2.000 денари, од кои во септември ќе добијат 1.000, а наредната година уште 1.000 денари.
Трајче Станојков претседател на Собранието на Иницијативните одбори на пензионери за линеарно зголемување на пензиите на тогашната прес-конференција во Штип рече дека се благодарни на премиерот Мицкоски и на Владата што го прифатиле нивното барање за линеарно зголемување, а кое го испорачале и презентирале лично на премиерот пред неколку дена.
-Ако гледате математички, лани ни дадоа 5.000 денари и сега ни даваат 2.000 денари, еве ќе речам 1.000 во септември треба да бидат дадени, па кога ќе го ставите тоа во еден простор од година и нешто дена, јас сум 70 и некоја година, досега не сум видел дека некоја Влада, или која било политичка Влада за година и пол дена да ги покачи (пензиите) за 6.000 денари. Затоа остануваме како луѓе благодарни на Владата и мислам дека самите пензионери ќе го сфатат тоа дека висината е задоволна, вели Станојков.
Тој посочи дека линеарното зголемување на пензиите е правично за работниците кои имаат ниски пензии, односно 18.000 денари и доколку имаше процентуално зголемување на пензиите, во тој случај ќе имаа зголемување од 900 денари.
Трајче Митев претседател на Иницијативниот одбор на пензионери за линеарно зголемување на пензиите од Штип вели дека на средбата со премиерот Мицкоски го презентитале и нивниот Предлог закон, кој ќе биде во полза на младите, а едно од барањата е и да имаат бенифиции во транспортот. Бараат и секој пензионер да има пензионерска картичка, со којашто ќе имаат попусти при купување на производите низ супер маркетите и продавниците низ земјава.
Но за Кацарска, ова не беше битно, став кој за жал, го прифати и мнозинството на Уставен суд кое сега се заканува да го укине бенефитот за стотици илјади пензионери.
Извор: Курир




