Без вода утре од 10 часот до завршување на работите ќе бидат корисниците на улица „Никола Тримпаре“ и објектите на потегот помеѓу улиците „Аминта Трети“ и „Рајко Жинзифов“, во општина Центар.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е заради изведување приклучок на водоводна мрежа на улица „Никола Тримпаре“ број 10 б, во општина Центар.
Без електрична енергија утре од 8:30 до 14:30 часот ќе бидат корисниците на дел од булевар „Србија“ и дел од улица „Мите Богоевски“, во општина Аеродром.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекинот е заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.
Исто така, утре од 9 до 15 часот, без струја ќе бидат и корисниците од улица „Никола Русински“ зграда број 4, влез 1 и 2, во општина Карпош.
Без струја од 12 до 14 часот ќе бидат и корисниците од улиците 155, 157, 397 и Поликлиника Бит Пазар со објектите во нејзината околина, во општина Чаир.