За сите граѓани на Македонија утре 8 мај е неработен ден, поради редовните претседателски и парламентарни избори.
Утрешниот ден граѓаните ќе го искористат за излегување на гласање, на кое се избира претседател меѓу двајцата кандидати, во вотриот круг. Истовремено се гласа и за изборот на нови пратеници во Собранието, а на гласачкото ливче има 17 изборни листи.
Јавниот превоз во Скопје утре ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата нема да работи, соопштија денеска од Одделението за односи со јавност во ЈСП Скопје .
Дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.