На денот на здравјето во бели мантили заедно со медицинските сестри матичните лекари утре точно напладне половина час ќе протестираат пред Министерството за здравство.

Ова е трет протест на докторите од примарното здравство годинава и последен обид за исполнување на нивните барања. Тие инсистираат да се покачи капитацијата која сега изнесува 65 денари, пациентите да се водат на здравствената установа, а не кај лекарот, да се променат казнените политики на Фондот и да се упрости пропишувањето на лекови.

-Се е поскапено, покачена е просечна плата, индустриската струја, горивото, храната, но пари за капитационен бод никако да се најдат, изјави Д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ.

Протестот ќе с еодржи во 12 часот пред МЗ, а нејасное дали пред и после тоа ординациите ќе работат. При претходните протести, на тој ден се примаа само итни случаи. Според тоа што пренесуваат некои медиуми, ординациите на матичните лекари утре поради протестот ќе бидат затворени, а ги известиле службите за Брза помош во целата држава да ги прифатат итните случаи.

Во моментот во државата работат околу 1400 матични лекари, а пред неколку години имаше 1800-тини.