Базенот Аеродром утре ќе биде отворен и за таа цел влезот за сите посетители ќе биде бесплатен.

Овој базен ќе биде отворен секој ден, од 10 до 18 часот, и исто како и  изминатите години ќе функционира по принципот на членство. Сите заинтересирани потребно е на време да ги контактираат организаторите со цел да ја обезбедат својата членска карта.

Посетителите од ресторанот ќе можат да набават храна и пијалаци.

Базенот Аеродром нуди и професионална пливачка школа.