Утре на 8 Септември, на Денот на независноста, напладне во 12 часот група граѓани ќе се соберат пред Владата, со цел да порачаат дека луѓето кои влегоа во Собранието на 27 април не се терористи, туку патриоти.
Во повикот што е објавен на социјалните мрежи стои дека ќе се испрати порака за слобода на уставобранителите и патриоти,кои беа нарекувани, притворани и судени како терористи.
Деновиве и судот во Шведска донесе одлука да не биде екстрадиран обвинет во овој политички процес, а во образложението стои дека настаните пред Собранието од 27 април не се тероризам, туку бунт на народот.