Обвинителите во случајот со лажни вести против француската прва дама Брижит Макрон побараа условни казни од три години до 12 месеци затвор и казни до 8.000 евра за 10-те обвинети. Пресудата ќе биде објавена на 5 јануари следната година.
Најголеми казни беа побарани против Амандин Рој, Бертран Шолер и есеистката и писателка Орелиен Поарсон-Атлан, позната по прекарот Зои Саган, за кои се вели дека го поттикнале ширењето на лажни вести дека Брижит Макрон е родена како маж.
Судењето започна во понеделникот, а вчера беше испрашувана и ќерката на првата дама, 41-годишната Тифин Озиер. Таа рече дека здравјето на нејзината мајка се влошува поради лажните вести за неа. Ќерката на Брижит Макрон изјави дека нејзината мајка постојано била на штрек, плашејќи се дека секоја нејзина фотографија ќе биде предмет на манипулативно толкување.
Францускиот претседателски пар, исто така, ја тужеше американската десничарска подкастерка Кендис Овенс ова лето за ширење на лажната вест дека Брижит Макрон е родена како маж.
фото: архива




