На социјалните мрежи од вчера се објавува најава за протест утре (среда), за поддршка на поранечниот премиер и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, кој на 8 ноември треба да се јави на издржување на казната затвор од две години, за предметот „Тенк“ на СЈО.
Станува збор за блиндираниот „мерцедес“, за кој вината е тоа што за време на неговиот мандат билкупен, а во него денес се вози актуелната власт и високите странски гости кои доаѓаат во посета на Република Македонија.
Протестот е закажан за 19 часот пред Кривичниот суд во Скопје.
Најавата е објавена на Фејсбук и масовно се споделува.
– Кога неправдата е на сила, непокорот е единствениот пат до правдата. Борбата за правда започна, се наведува во најавата на „Правда за Никола Груевски“.