Јане ЧЕНТО
Почитувани пријатели, Патриотскиот институт и УМС на ВМРО ДПМНЕ повика на собир за неправедно затворените за случајот 27-ми Април.
Секој собир за наша правда е добредојден.
ГИ ПОВИКУВАМЕ сите мои пријатели да дојдат и да ни дадат поддршка во овие тешки моменти за нас кога трпиме невидена неправда и изживување веќе четврта година.
Ние сме четврта година во затвор, се надевам дека ќе имате време барем 2-3 часа од вашето време да дојдете да ни дадете поддршка на овој собир во недела.
Вашата поддршка ќе ни значи многу.
Не доаѓате за никој друг, доаѓате ЗА НАС!
ГИ ПОВИКУВАМ СИТЕ политички партии, особено опозициските парламентарни и вонпарламентарни партии кои јавно застанаа зад нас со свои изјави дека сме неправедно осудени, ги повикувам да застанат заедно на овој собир, нека ве спои оваа наша неправда која ја гледате дека ни ја прават и изборете се правдата да ПОБЕДИ а преку тоа да дојдеме заедно и до слободата.
Тргнете ги суетите настрана од недоразбирањата меѓу вас и дојдете на овој собир за НАС.
Ги повикувам сите здруженија, патриоти, граѓани кои ни даваат поддршка и знаат дека сме неправедно осудени да се приклучат на овој собир за ПРАВДА!
Само обединети ќе успееме во борбата за правда.
Нека македонската пролет започне со овој СОБИР.
Победата за правда и слобода е се ПОБЛИСКУ.
Да живее Република Македонија!
Ве молиме почитувајте ги здравствените протоколи за заштита од КОВИД-19, носете маски, држете растојание.