И Вилма Русковска била на распит за бегството на Сашо Мијалков.

Обвинителката Ленче Ристоска ја испрашувала нејзината шефица Русковска за дводневното исчезнување на поранешниот шеф на тајната полиција, но и неговото појавување токму во обвинителството кај Русковска. Во првите моменти кога Вилма Русковска добила дојава од свој извор дека Мијалков се подготвува да бега, прво го известила Оливер Спасовски, а не колешката Ристоска која го водеше случајот со масовното прислушување,наследен од СЈО. Нивното соочување во четвртокот не било колегијално, туку Ристовска како обвинителка, а Русковска како сведок.

„Знам дека колешката Ленче Ристоска го води тоа. Во четвртокот имаше исказ и од мене и од истражителите кои го лишија од слобода. Така што, за повеќе информации треба да се обратите до нејзе“ – рече Вилма Русковска за „Стадион“

Русковска негира одговорност, но последниот збор ќе го има нејзината колешка Ленче Ристовска, која истражува кој потфрлил дали има пропусти и кој овозможил Мијалков да побегне. На распит пред неколку дена го повикала и Сашо Мијалков. Нема детали кој што кажал, а случајот се уште е во рана фаза.