Албанската министерка за здравство Огерта Манастирлиу информираше дека одлуката за забрана за собирања и митинзи продолжува до 25 март, јави дописничката на МИА од Тирана.

Според неа, дали забраната ќе биде продолжена и по овој датум, ќе се знае во средината на следната недела, кога Комитетот на експерти за справување со пандемијата ќе ја анализира епидемиолошката состојба со Ковид-19.

Ова доаѓа откако некои политички партии побараа олабавување на забраната за собири и митинзи во рамки на изборната кампања за изборите на 25 април. Во земјата и понатаму полицискиот час, воведен на почетокот на ноември, трае од 20:00 до 6:00 часот.

– Во земјата продолжува процесот на имунизација против опасниот вирус. Денеска се вакцинирани 3.509 лица или вкупно досега 44.830 здравствени работници, постари лица од 80 години и просветни работници. Многу наскоро очекуваме пратка од 60 илјади вакцини, кога ќе почне вакцинацијата на припадниците на полицијата и армијата, како и на лица постари од 60 години, најави министерката.

Во меѓувреме, Министерството за здравство информираше дека во изминатото деноноќие регистрирани се нови 519 случаи, од направени 3.251 тестирање, што е 15 отсто од тестираните, оздравеле 617, а починале 11 лица.

Меѓу починатите е и докторката Валентина Лиле, познат албански ендокринолог, со што бројот на починати лекари ја надмина бројката од 40. Како последица на Ковид-19 починал и генералот Ндричим Салаку.

Познати епидемиолози и инфектолози и понатаму бараат од Владата да се зголеми бројот на тестирани на дневно ниво и додаваат дека тој број би требало да биде над осум илјади тестови.

Макеоднија досега има вакцинирано окоу 5 000 лица со трите пакетчиња вакцини од кои две се донација од Србија и едното пакетче кое стигна од Русија. Со ова месечно темпо, Макеоднија ќе ја стигне Албанија некаде околу новогодишните празници.