По барање на премиерот Димитар Ковачевски утре во 15:00 часот ќе се одржи лидерска средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

До средбата, која ќе одржи во Клубот на пратениците, доаѓа откако вечерва се одржа голем сенароден собир, според проценките најмасовен во историјата на РМ, на кој граѓаните кажаа не за францускиот предлог.

Тема на средбата ќе биде францускиот предлог на преговарачката рамка за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ.