Премиерот Зоран Заев утре ќе поднесе оставка, најави тој на денешната прес-конференција во Тирана.

– На последниот ден од мојата должност како премиер на Македонија, ја имам честа директно да учествувам и да дадам свој придонес во оваа благородна иницијатива Отворен Балкан, рече Заев по денешната средба со српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама во Тирана како дел од регионална иницијатива „Отворен Балкан“.

Ако Заев остане на ова ветување, кое често го менуваше, од утре Република Македонија ќе остане без ветената просечна плата од 500 евра, без патеката за Формула 1, без донесен закон за легализација на марихуаната за кој Заев многу се залагаше, со укината радиодифузна такса, пред поскапување на струјата итн.

По тн. шарена револуција, на чии крилја дојде на власт, Заев си заминува од премиерската фотелја со едно стопроцентно остварување – сменето уставното име на Република Македонија.

За разлика од другите ветувања, смената на уставното име на Македонија, Заев упорно негираше и се колнеше во деца и фамилија дека нема да се случи. И замолуваше да не му чепкаме во македонската жица…

Заев ќе остане запаметен по многу нешта. И како единствен премиер на земја, кој го бацил пенкалото, по потпишувањето на документи за пристапување во НАТО.

(Д.Г.)