Ненадејно утрово на 48 годишна возраст почина градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски.
Како што објави Сител, Стојаноски немал никакви здравствени проблеми, а неофицијално причината е инфаркт. Според првичните, неофицијални информации, тој починал додека го транспортирале од Општата болница во Охрид до Кардиолошкиот завод.
Официјално мандатот на градоначалникот на Општина Охрид, професор д-р Јован Стојаноски започна на 20 октомври минатата година, по победата во првиот круг на локалните избори 2017 година.