Според Уве Топер, познат германски историчар, археолог и публицист, западната историја, или историјата на Европа е полна со фалсификати. Вистинската историја нема ништо заедничко со она што го пишуваат западните историчари, особено не со таканаречената античка историја, односно историјата поврзана со Грција.

Во својата книга „Големата акција“, Топер ја демаскира големата сцена на светската историја меѓу антиката и ренесансата, откривајќи го лицето на минатото без романтичарски измислици. Германскиот историчар вели дека историјата е сосема поразлична од онаа што сме ја учеле во училиште, па така во книгата „Фалсификување на човечката историја“ сосема отворено тврди дека сите „грчки“ автори се всушност западноевропејци кои ги фалсификувале „изворите“ во периодот меѓу 11 и 12-ти век.

Уве Топер

Според проф. д-р Анатолиј Тимофеевич Фоменко, математичар од Московскиот универзитет и член на руската академија на науки, античка Грција е смислена од ренесансните писатели и уметници, а потоа нивните фантазии се претворени во „историски факти“ врз кои се базира целокупната западноевропска цивилизација. Грчкиот претседател, пак, Прокопис Павлопулос од Каламата, иако не е историчар, насекаде и постојано тврди дека  „грчкиот карактер на Македонија е неоспорлив и за него не се преговара“, односноденот на прославата на светиот спомен на заштитникот на Солун, Свети Димитрија, е годишнина на славниот пат на Солун, од една страна, за историјата на нацијата и православието, и второ, за неговата улога како буден чувар за грчкиот карактер на нашата Македонија кој е неоспорлив и за кој не се преговара“.

Претходно, во Воден истиот „стручњак“ самоуверено изјави дека „Македонија била и ќе остане грчка“ (што додуше и му с еоставрува, благодарени ан СДСМ и ДУИ), а од Солун дополнително порача дека неговата држава ќе направи се „за да го одбрани грчкиот карактер на Македонија“

Но, фактите велат дека Македонија почнувајќи да речеме од времето на Каран, околу 800 година п.н.е, па се до  таканаречените „славјани“ не само што не била грчка туку во никаква форма никогаш  не влегувала во состав на Грција, односно Елада. И по поделбата на  Македонија во 1913 година, односно по  грчката окупација на Егејска Македонија, Грците воопшто не сакаа ниту да ја спомнуваат Македонија ниту како географски поим. Дури по осамостојувањето на Република Македонија, особено во времето на Костас Караманлис, големиот патрон на сегашниот претседател Павлопулос, Грците со поддршка на некои политичари и пријатели од Запад жестоко почнаа да се вртат кон античките Македонци, за кои  „утврдија“ дека биле Грци за да докажат дека и Македонија е грчка.

Како може Грк да биде пријател на Грците?“ 

Во пишаните документи е забелажно дека и според старите поети, но и според тогашните историчари, Македонците и Грците отсекогаш биле два различни народа. Затоа, на пример, Хесиод во 700 година п.н.е пишува: „А таа, ќерката на Девкалион, од Зевс, молнољубецот, роди сина два: Магнит и Македон – коњаник, воин…

Хесоид

Втората ќерка на Девкалион роди исто така сина два: Грејк и Латин…“ Според тоа дури и за Хасиод, Македонците, Латините и Грците се во некоја сродност, но не се исти.

И не само поетите туку и историчарите  низ историски факти потврдуваат дека Македонецот Александар I за услугата кон Хелените пред битката кај Платеа во 479 година п.н.е го добива прекарот – „филхелен“, што во превод значи – „пријател на Хелените“.

Притоа не треба никаква француска диплома, како онаа на Павлопулос, за да се постави едно и единствено логично прашањето: „Како може Грк да биде пријател на Грците?“

Патем треба да се има предвид дека Хелените секогаш и секаде  Македонците ги идентификуваат како варвари. Така, на пример, историчарот Кито е конкретен кога пишува:

„Кога ќе се рече Македонец, треба да се разбере варварин, кој не говори и кој не мисли грчки“.

Демостен пак и да не се спомнува. Фактите говорат дека највисоките заеднички тела на Хелените биле недостапни за Македонците токму заради тоа што Македонците биле сметани за  варварски, не-хеленски народ. А дека терминот варвари не е употребуван само за да се навредат Македоците туку и за да се одвојат како народ говори и фактот што, колку и да војувале меѓу себе,  Атина и Спарта, на пример, никогаш не се нарекувале варвари.

Исто така, во Ампфихтионскиот совет во Делфи, највисокото хеленско тело во тоа време, единствени нема само Македонци. Дури откога Филип II ќе ги порази Фригијците со сила обезбедува два гласа во Советот но неговите представници биле претставувани според градовите од кои доаѓале и племенската припадност, за разлика од Хелените.

Помпеј Трог пишува:

„На Ономарк, Тиванците и Тесалците како свој водач не му спротивставија некој од своите сограѓани, туку македонскиот цар Филип, и така доброволно му ја отстапија на еден старец власта“.

И не само ваквите политички тела но и културните институции и настани биле забранети за Македонците како не-хелени. Така познато е дека ним им е забранет пристапот на хеленските олимписки игри па Македонците организираат свои – македонски игри. Првпат му е дозволено само на Александар Филхелен, но и тоа е политички пресметан потег. Во тој контекст факт е дека Александар Македонски во својата војска на походот кон исток имал одреден број Хелени, но само како платеници, а не како македонска војска.

Европа ја прифатила грчката пропаганда заради силниот антагонизам кон Османлиската империја!

Според историчарите, по доселувањето на Грците, односно Хелените од Африка, тие отпрвин окупирале само дел од денешните јужни грчки острови, но со текот на времето почнале да го наметнуваат својот говорен јазик на домородното население. Сепак уште тогаш наишле на отпор од страна на староседелците; познати се судирите помеѓу Хелените и Пелазгите, за кои пишува и Херодот. Иако во античкиот период не постоела единствена држава под името Грција, мнозина во светот и денес го користат погрешниот термин „античка Грција”.

Освен тоа се знае дека Грците, односно Хелените го користеле феникиското а не некакво грчко писмо. Во тој контекст западната историографија е преполна со грешки и фалсификати, кои главно се однесуваат на прикажување на многу вредности во антиката како „грчки”, иако тоа не било така. Всушност голем дел од овие вредности биле создавани не само од Грците, туку и од Македонците, Тракијците, Илирите, Пелазгите и другите антички народи, но од создавањето на модерната грчка држава во дваесеттите години на 19 век, со помош на Големите сили, а пред се со помош на Русија, „создадена е една силна државна грчка пропаганда, која била прифатена и од европските држави заради нивниот антагонизам кон Отоманската империја“.

На европските држави им одговарало да ги прифатат грчките фалсификати за наводните „историски права“ на Грција да поседува голем дел од Балканот, токму како причина за да се избрка Турција од Балканот. Затоа во Европа беа прифатени грчките лаги и фалсификати, и до денес истите по инерција се препишуваат.

Инаку, историски податок е дека Грците ни во 1830 година не знаеле дека се Грци, и немале никаков удел во проектот за создавање свест за грчки идентитет. Факт е дека тие воопшто не биле потписници на спогодбата потпишана во мај 1832-та година помеѓу Британија, Франција, Русија и Баварска со која се одредени условите под кои кралот Отон стапува на престолот, а со која територијата што ја кралство е ставена под „гаранција на трите сили заштитнички“.

Првиот грчки крал, Отон

Младиот баварски крал стигнал во февруари 1833 година во привремената престолнина Нафплион,  а проблемите со кој се соочил тој и бројната свита биле многубројни. Покрај неизбежните проблеми околу изградбата на инфраструктурата на една сосема нова  држава, постоела и итна потреба да се создаде заедничка свест за грчки идентитет, односно од затеченoтo население да се создадат Грци.

Затоа Баварците и кралот се соочиле не само со проблеми во изградбата на државата туку и со проблемот на изградба на нацијата. Дури потоа, во последните две децении од 19-от век, како и  во првата деценија од 20-от век, Македонија станува средиште на вниманието на грчкиот, бугарскиот и српскиот национализам  за  приграбување на што поголем дел од територијата.

Според истражувањата за грчката политика на Балканот на проф. д-р  Далибор Јовановски од Катедрата за историја на Филозофскиот  факултет во Скопје,  со договор меѓу Големите сили во 1830 година за грчки крал требало да биде избран Леополд Саксенкобурски, но тој набрзо се откажал од тронот на кој воопшто и не седнал. По две години, во 1832-та година, Големите сили го решиле проблемот со избор на крал па со нов договор меѓу Англија, Франција, Русија и Баварија од 7 мај 1832 година за грчки крал бил поставен Фридрих Отон, вториот син на баварскиот крал.

Новиот грчки крал, според  договорот, ја носел титулата крал на Грција, а не на Грците. Истите земји потпишале и договор со османлиските власти со кој се утврдила северната граница на Грција, така што таа се движела по линијата Арта-Волос, а со тоа Грција конечно можела да функционира како некаква независна држава.

Со декрет од 4 август 1833 гдина било прогласено создавањето на Грчката автокефална православна  црква, а тоа е сторено без одобрување на Цариградската патријаршија. Кој и кога ја признал грчката црква е прашање што заслужува посебна анализа. Во секој случај, Синодот на новосоздадената расколничка црква му бил потчинет на германскиот крал Отон.

Со декрет било создадено и посебно министерство за вера а биле направени и реформи во манастирите. Зад создавањето на Грчката автокефална црква стоеле круговите што биле под англиско и француско влијание. Русија не сакала да се согласи со самостојноста на Грчката црква, сметајќи дека тоа не е во склад со нејзините интереси а за тоа имала поддршка и од Цариградската патријаршија но и од многу Грци во самото кралство, кои биле преврзаници на Цариградската патријаршија. Паралелно со „изградбата на грчка свест на населението“ кон крајот на 1833 и почетокот на 1834 година, кралскиот протекторат почнал да ги акредитира своите први дипломатски претставници. Притоа, од бараните деветнаесет конзулски и вицеконзулски места, Портата во Стамбол дала дозвола само за седум. Со оваа дозвола, Грција почнала да ги испраќа своите први конзули во османлиската држава, па така на  6 декември 1834 пристигнал и првиот грчки конзул во Солун, а со тоа и официјално почнува дејствувањето на  грчката дипломатија на територијата на Македонија, односно доаѓа до некаква грчка присутност во Македонија. Конзулот Валијанос бил назначен од својата влада за прв грчки конзул во Македонија со седиште во Солун. Оттука почнува засиленото измислување на историјата смислена во кабинетите на западните историчари во служба на новата таканаречена западно-европска цивилизација. Или, според Уве Топер, вистинската историја нема ништо заедничко со она што го пишуваат западните историчари, особено не со нивната измислена античка историја, односно историјата поврзана со Грција.