Денес, по повод Светскиот ден на семејството, Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ организираше хепенинг во паркот Авионче во општина Аеродром, настан посветен на дружење, семејни вредности и активности за најмладите заедно со нивните семејства.

Во рамки на настанот, претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, даде изјава за медиумите, истакнувајќи го значењето на семејството како темел на општеството и важноста од негување на семејните вредности.

На настанот присуствуваше и Рози Мицкоска, сопругата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, која со своето присуство даде поддршка на активностите посветени на семејството и заедништвото.

Посебно внимание беше посветено на најмладите, за кои беа организирани различни забавни и рекреативни активности, исполнети со смеа, игра и дружење. Преку ваквите настани се испраќа порака за важноста од создавање средина во која семејството, децата и заедничките вредности ќе останат во центарот на вниманието.