По морбидните фотографии на пациенти кои примаат инфузија додека на другите кревети лежат мртви луѓе, за условите во болницата во Битола на социјалните мрежи кружи ново видео.
Пациент од болницата преку видео снимка објаснува какви се условите во одделението кое се наоѓа веднаш до ковид центарот на болницата.
Тој детално ги објаснува деловите, а посебно се задржува на тоалетите каде што, како што се гледа на снимката, во еден од нив има поставено и чадор со цел да не капат фекалии врз главите на пациентите.
Пациентот кој го снимил видеото вели дека се работи за дел од болницата каде болничките услови се сметаат за подобри и за ова треба да биде запознаена целата јавност.
Наспроти овие ужасни слики, сведоци сме на чести објави од претставници на власта за вложувања во здравството и во здравствената инфраструктура. А во практика граѓаните наидуваат на лоши услови, не само во битолската болница, туку и во многу други здравствени установи во Македонија.