Поддршка на Македонија за продолжување на евроинтеграцискиот пат и пораки до опозицијата да поддржат уставни измени упатија вчера од Скопје тројцата министри од Вајмарската тројка Лоранс Бун, државна секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција, Ана Лирман, министерка за Европа и клима на Сојузна Република Германија и министерот за Европска Унија на Република Полска, Шимон Шинковски вел Сенк.

По заедничката прес-конференција со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ тие се упатија на средба со ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, од каде, како што беше подоцна соопштено, им бил повторен ставот дека тие не поддржуваат уставни измени во вакви политички околности и дека треба да се почитуваат Копенхашките критериуми и за нашата земја.

На средбата со премиерот Димитар Ковачевски, пак, била нагласена поддршката што на овој пат и ја даваат на Македонија овие три земји – Франција, Германија и Полска.

Министрите се сретнаа и со претседателот на државата Стево Пендаровски и со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Вајмарската тројка денеска во Собранието ќе има средба со претседателот на Собранието Талат Џафери и со координарите на пратеничките групи.

Украина е место на „неискажливи злосторства“ од страна на руските војници и е вклучена во „војна во која мора да победи, бидејќи нејзината иднина зависи од неа, како и нашата“, рече Бун за вр

-С. Македонија припаѓа на семејството на ЕУ, одлуката е во ваши раце, сега треба да се направи чекорот, се трите конкретни пораки што ги упати државната секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција Лоранс Бун.

Дискусијата околу Уставот, вели таа, нема да повлекува нови барања од Бугарија, туку, како што рече, Северна Македонија потоа автоматски ќе се најде на патеката на пристапување.

-Нема никакви дополнителни барања од ниедна друга земја, но има барања за ревизија на Уставот, порача Бун.

Според државната секретарка, 2030 година е реална цел за македонското членство во ЕУ. Нејзина оценка е дека Северна Македонија има се за да напредува кон Унијата и наскоро да се приклучи кон ЕУ.

-Имам три пораки за вас. Првата е дека С. Македонија припаѓа на семејството на ЕУ. Втората е дека одлуката сега која што се наоѓа во рацете на Северна Македонија, а третата порака е како што посочи вицепремиерот дека сега треба да се направи чекорот на С. Македонија поради импулсот на сила што го имаме за проширување на ЕУ. Можеби уште една работа што сакам да ја кажам од наша страна е дека оваа дискусија околу Уставот нема да повлекува нови барања од Бугарија, автоматски С. Македонија ќе се најде на патеката на пристапување потоа. Значи, нема никакви дополнителни барања од ниедна друга земја. Меѓутоа, има барања за ревизија на Уставот да се заврши тоа секако и повторно автоматски С. Македонија ќе влезе во следната фаза на процесот на пристапување и исто така го спомнавте тоа вицепремиере во сферата на владеењето на правото, правдата и економската сигурност и реформите кои С. Македонија треба сама да ги направи за себе, истакна Бун.

Министерката за Европа при Министерството за надворешни работи на Германија, Ана Лирман денеска ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Германската министерка за Европа, Ана Лирман потенцираше дека сега се отвора можност за проширување на ЕУ која што е широко отворена.

-Барањето на ваквата можност со решеност и со државност и со лидерство покажува високо чувство на одговорност за иднината на македонскиот народ и просперитет.  Ве поттикнувам успешно да продолжите на реформската патека. Реформите се во корист на македонските граѓани. Тие го унапредуваат владеењето на правото, ја искоренуваат корупцијата, го промовираат просперитетот и инвестициите и ги подобруваат животните услови на С. Македонија, истакна Лирман.

Лирман посочи дека е важно да се продолжи на патот сега и оти измените на Уставот ќе ја покажат Македонија како пример за мултиетничко општество.

-Потврдувањето и заштитувањето на малцинствата е темелот на европските права и обврски. Измената на македонскиот Устав ќе ги зацврсти заложбата и посветеноста на Северна Македонија кон европските вредности. Цврсто ги поттикнувам сите политички сили во С. Македонија да го поддржат изменувањето на Уставот и да ја поддржат подобрата и попросперитетна иднина за Северна Македонија и македонскиот народ. Се друго ќе биде штетно за амбициите за членство во ЕУ, истакна германската министерка.

Зборувајќи за Договорот меѓу С. Македонија и ЕУ, Лирман рече дека тој е фер, и исправен, но оти е сигурно дека нема да има подобра спогодба.

-Иднината на С. Македонија лежи во вашите раце. Сакаме да ве поттикнеме да се приклучите кон европското семејство и да ги покажете вашата заложба и посветеност кон перспективата во ЕУ и ќе ве поддржиме на патот кон ЕУ секогаш кога можеме, рече германската министерка.

Пораката на Лирман, Бун и Шинковски, како што рече германската министерка е јасна.

-Ја нагласуваме нашата заложба за перспективата на С. Македонија кон ЕУ. Оддаваме признание за импресивниот напредок што го остваривте и ве поддржуваме на вашиот пат да станете членка на ЕУ. Заедно ќе станеме посилни. Исто така, сакаме да одаддеме признание за вашата непоколеблива посветеност на меѓународната сцена во НАТО, но и во целосното усогласување на заедничката и безбедносната политика на ЕУ. Го нагласуваме вашето чувство на одговорност и посветеност на стабилноста на Западниот Балкан, рече германската министерка.

Министерот за ЕУ на Република Полска Шимон Шинковски, кој е во Скопје, во рамки на посетата на Вајмарската група, на денешната прес-конференција по средбата со вицепремиерот Маричиќ истакна д

Министерот за ЕУ на Република Полска, Шимон Шинковски вел Сенк истакна дека пораката е едноставна и дека Полска, Франција и Германија сакаат активно да ја поддржат Македонија на патот кон пристапувањето во ЕУ и да и посакаат добредојде во Унијата.

-Знаеме колку може да биде процесот тегобен понекогаш, но направивме многу за отворање на процесот на преговори за пристапување, рече тој.

Полскиот министер истакнува дека сега се е во рацете на македонската политичка класа.

-Договорени се измени на Уставот меѓу С. Македонија и ЕУ што ќе ви овозможат да продолжите со следниот пресуден чекор кон членство во ЕУ. Секако ова ќе биде сериозна одлука за С. Македонија. Ние имаме долга историја на пријателство, рече полскиот министер.

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на прес-конференцијата истакна дека го имаме нашето место во ЕУ, оти сега е време за храбри одлуки и реафирмација на консензусот за европската иднина на С. Македонија и за нашето членство во ЕУ.

Маричиќ потенцираше дека земјава е цврсто решена да продолжи по европскиот пат и е подготвена во наредниот краток рок да ги исполни приоритетите од реформската агенда.

Вицепремиерот очекува од сите политички партии и пратеници да придонесат за интензивирање на преговарачкиот процес. Тој апелира да се донесат уставните измени и „да се надмине периодот без никаква штета и можност да се вратиме назад во чекалната или во изолираното минато“. Уставните измени, потенцира, ќе бидат покажување на дело вистинска грижа за интересите на државата и граѓаните. Според Маричиќ, имаме прилика која ретко се појавува и треба да ја искористиме, да бидеме позитивен пример што ќе пренесува во регионот.

-Тонот и позитивната атмосфера кои доаѓаат од нашите европски партнери и сојузници заедно со новиот план за забрзана интеграција, предложен од ЕК, се доволна причина за оптимизиам и поттик да создадеме услови за нова динамика на процесот која сите ја очекуваат. Владата сигурно и непоколебливо ја води државата на европскиот пат, подготвени сме во наредниот краток рок да ги исполниме приоритетите од реформската агенда, да докажеме дека сме држава која има капацитет во наредниот пероид да напредува во европскиот пат и да остане промотор на европските вредности. Токму затоа не се откажуваме од воспоставување дијалот за најважниот процес и за политички консензус за ЕУ, рече Маричиќ.

Очекува на сите политички партии и на сите пратеници да им биде приоритет да го продолжиме успехот од пред една година и да го интензивираме преговарачкиот процес.

-Со стратешка и проактивна политика да ги направиме уставните измени и да го надминеме периодот без никаква штета и без ожност да се вратиме назад во чекалната или, пак, во изолираното минато, рече Маричиќ.

Владата, дополни, е цврсто решена да продолжи да го усвојува европскиот систем на вредности и да тежнее кон европеизација на општеството.

Јасна и силна поддршка на Република Македонија за продолжување на преговорите со ЕУ и забрзани евроинтеграции, била изразена на состанокот на премиерот Димитар Ковачевски со високите претставници од Вајмарската тројка.

На состанокот, како што соопшти владината прес-служба, оценето е дека нашата држава во овој момент е пред неповторлива шанса да го направи клучниот исчекор во европските интеграции и да ја осигура европската перспектива, со можност за полноправно членство во Европската Унија до 2030 година.

Тоа, како што е констатирано, ќе придонесе кон задолжителна и забрзана имплементација на европските стандарди во сите области од значење на граѓаните, како што се унапредувањето на животниот стандард и владеењето на правото. Исто така, заеднички е посочено дека проширувањето на Унијата, посебно во актуелниот контекст, не е само техничка процедура, туку геополитички приоритет на ЕУ.

Затоа, како што е наведено во соопштението, изразено е недвосмислено очекување, сите политички субјекти во државава да ја потврдат европската ориентација, со тоа што во Собранието ќе дадат поддршка на претстојните одлуки, коишто, како што е потенцирано, се дел од преговарачката рамка на Република Северна Македонија со Европската Унија.

Преговарачкиот процес на Северна Македонија за членство во ЕУ, имплементацијата на задачите кои произлегуваат од преговарачката рамка, како и за можностите за забрзување на евроинтеграцијата

Министрите од Вајмарската тројка се сретнаа и со претседателот на државата Стево Пендаровски, кој како што соопшти неговиот Кабинет, истакнал дека државата останува посветена на започнатиот преговарачки процес и на спроведувањето на сите неопходни реформи, посочувајќи дека членството во ЕУ е наш стратешки интерес и неопходна е силна политичка волја од страна на сите политички фактори со цел исполнување на преземените обврски.

Покрај неопходните уставни промени, како што се наведува, беше нагласена важноста од владеење на правото, изградба на функционална правна држава, како и поуспешна борба со организираниот криминал и корупција.

Министрите од Вајмарската тројка имаа средба и со лидерот на ДУИ Али Ахмети на која, како што соопштуваат од неговата партија, во фокусот биле клучните околности во кои се наоѓа Македонија за да се забрза нејзиниот чекор кон европската интеграција, како што се важноста од усвојувањето на уставните измени, надминувањето на спорот со Бугарија по примерот на француско-германското помирување, посветеноста во спроведувањето на внатрешните реформи. Процеси кои, според ДУИ, бараат компактно дејствување од сите општествени чинители.

Ахмети на министерката за Европа во Сојузна Република Германија Ана Лирман, на државната секретарка за Европа во Советот на министри на Република Франција Ана Бун и министерот за европски прашања на Република Полска Шимон Шинковски вел Сенк им ја елаборирал иницијативата што ја презема неговиот субјект за создавање европски фронт, постојаното инсистирање за рефлектирање од сите партии за надминување на овој ќорсокак, верувајќи дека дури и во редовите на опозициската ВМРО ДПМНЕ има европски сили кои мислат за доброто на државата и не ја сакаат нејзината изолација.

 

VMRO-DPMNE dhe partnerët e saj të koalicionit sot i kanë informuar ministrat nga Grupi i Vajmarit se mbeten të qëndrimit se nuk janë të pranueshme ndryshimet kushtetuese në rrethana të diktat

ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициски партнери денеска ги информирале министрите од Вајмарската група дека остануваат на ставот дека уставни промени во околности на политички диктат од соседството не се прифатливи.

-Улогата на соседите треба да биде улога на поддршка на нашите европски интеграции, а не негирање на македонскиот национален идентитет, било посочено на средбата на лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски и претставници на коалициските партнери со државната секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција Лоранс Бун, министерката за Европа и клима на Сојузна Република Германија Ана Лирман, како и министерот за Европска Унија на Република Полска Шимон Шинковски вел Сенк.

Министрите од Вајмарската тројка Ана Лирман, министерка за Европа на Сојузна Република Германија, Лоренс Бун, државна секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Француската Реп

Било нагласено дека опозицијата воопшто не беше вклучена во преговорите кои резултираа со ултиматуми и барања кои отстапуваат од европските вредности и принципи.

-Оттука, за да се заштити процесот на пристапување од билатерализација, односите мора да се базираат на Копенхагеншките критериуми со взаемна почит, поддршка и соработка, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата била дискутирана актуелната општествено-политичка состојба, особено во врска со пристапувањето на Македонија кон Европската унија во овие предизвикувачки времиња.

-Од страна на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата беше истакнат недвојбениот став дека се залагаме за членство на Македонија во Европската Унија со силно зачуван и зајакнат идентитет, јазик, култура и вредности, се потенцира во соопштението.

Пред повеќе од 30 години Германија, Франција и Полска се посветија на т.н. Вајмарска тројка да ги здружат силите во негување на демократијата, просперитетот и безбедноста низ цела Европа. Во тој дух, како што кажаа тројцата министри, се во Скопје.