Прва доза вакцина против Ковид-19 вчера примиле 7.625 граѓани, а вкупно се вакцинирале 11.883 лица, информираат од Министерството за здравство (МЗ) и нагласуваат дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.
-На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 703.557 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.220.375 дози вакцини, а ревакцинирани се 516.797 граѓани, соопшти МЗ.
Со последните бројки, се посочува во соопштението, барем една доза вакцина имаат примено 51 отсто од населението над 40 години, како и 26 проценти од населението од 18 до 39 години.
Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.
-Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата, порачуваат од МЗ.